Полициски инспектор предложен за член на Судски Совет
Инспектор за прекршоци од тетовската полиција е предложен за нов член на Судскиот Совет од страна на Собранието. Владеачкото мнозинство во собраниската комисија за избори и именувања, со 8 гласа „за“ го усвои предлогот за нов член на Судскиот Совет да биде избран Аљбан Кадриу.
ДУИ за истата функција го предложи Арбер Исаку, поранешен член на Советот за јавни обвинители, но тој доби само еден глас. Координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку го предложи Аљбан Кадриу со тврдење дека ги исполнува сите потребни услови и е најдобар од десетте пријавени кандидати.
Предложениот Кадриу работи 17 години во МВР, а претходно бил вработен во владата. Тој е предложен истиот ден кога во Собранието почнува расправа за новите законски решенија за Судскиот Совет со кои ќе се поострат критериумите за поимот „истакнат правник“ преку кој Кадриу беше изгласан за предлог за нов член на Советот, пренесе Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…