Жена измамила млади лица: Им земала пари за да им најде работа во Германија, па прекинала контакт

t

На 13.01.2023 во 18:00 часот во Полициската станица Аеродром, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека таа и 20-годишник од Куманово биле измамени од едно женско лице за сума од 12.576 денари.

Според пријавеното, тие стапиле во контакт со лицето, кое им понудило да им посредува за добивање работни места во Германија, а за што побарала надомест.

Како што е пријавено, во неколку наврати ги уплатиле парите на сметка во банка и откако ја информирале дека нема веќе да пуштаат пари додека не потпишат договор, лицето го прекинало контактот и не им ги вратило парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…