Објавено на:

Жена од струмичко измамена за 8.000 евра!

t

На 22.06.2024 во 11.20 часот во СВР Струмица, 36 – годишна жена од струмичко село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од повеќе од 8.000 евра. Според пријавеното, таа се договорила со лицето да работи на реновирање на нејзината куќа, по што на крајот на феврурари и почетокот на март 2024 година во три наврати, додека била во странство, му ги пратила парите. Како што е пријавено, откако се вратила видела дека работите не се завршени, а на 22.06.2024 лицето ја известило дека нема да продолжи да работи на куќата. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада жена повредена додека работела во фабрика…

25-годишна жена од Кратово се здобила со…

Ја удрил со тротинет и избегал: Жената…

Вчера во 14:45 часот во СВР Скопје…

Пронајдена почината 27-годишна жена на брегот на…

На  28.06.2025 година во ОВР Дебар е…

ХОРОР ВО ХАМБУРГ, ЖЕНА СО НОЖ ПРОБОДЕ…

Пожарникарите од Хамбург изјавија дека шест од…