Објавено на:

Жена осудена на смртна казна во Тенеси преживеа две смртоносни инјекции

t

Единствената жена во затворот со смртна казна во Тенеси и во средата вечерта била сè уште жива, откако ѝ биле дадени две смртоносни инјекции, според нејзиниот адвокат, пишува Fox News.

Одбраната на осудената за убиство од Тенеси, Криста Пајк, во средата вечерта поднела барање за запирање на нејзината егзекуција, наведувајќи дека обидот за извршување на смртната казна не ја усмртил.

Во 20:26 часот по локално време, сведоците изјавиле дека извршителите „ги вбризгале двете шприцеви со смртоносни хемикалии за инјектирање, а Пајк сè уште е жива“, навеле нејзините адвокати во поднесок до федералниот суд, според Асошиетед прес.

Повеќе од 40 минути по втората инјекција, таа сè уште имала витални знаци.

Сведоците биле изведени од просторијата за егзекуции, по што Одделот за поправни установи на сојузната држава Тенеси потврдил дека Пајк преживеала.

Криста Пајк беше осудена за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година. Таа требаше да стане првата жена егзекутирана во сојузната држава Тенеси по повеќе од 200 години.

Извршувањето на казната доживеа два пресврта. Еден час пред закажаната егзекуција, таа беше одложена. Потоа Врховниот суд на САД дозволи Криста Пајк да стане првата жена егзекутирана во Тенеси по повеќе од 200 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена осудена на смртна казна во Тенеси…

Единствената жена во затворот со смртна казна…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…

Млада жена повредена додека работела во фабрика…

25-годишна жена од Кратово се здобила со…

Полицијата го бара сопственикот на волкот, го…

Полицијата е во потрага по лицето кое…