Жена прегазена од комбе во Тетово, со тешки повреди е пренесена во болница

t

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово била прегазена од товарно возило кое го управувал 20-годишен жител на селото Мала Речица, соопшти полицијата.

„На 20.03.2025 во 13:10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово. Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…