Жена се обидела да прошверцува 1.700 кутии цигари од Македонија за Австрија

t

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари во автобус од Македонија за Австрија на граничниот премин Прешево-Табановце, соопшти денеска Царинската управа на Србија.

Цариниците го откриле прекршокот на 16. март во соработка со полицијата. Патничката се обидела во нејзините чанти да прошверцува цигари вредни половина милион динари.

Случајот бил откриен кога автобус кој сообраќал од Македонија кон Австрија бил издвоен за детален преглед на влез во Србија.

Иако возачите и патниците претходно изјавиле дека носат само личен багаж, при контролата во просторот за багаж биле пронајдени три големи торби полни само со цигари.

Во торбите, за кои една од патничките се пријавила дека е сопственик биле пронајдени 1.730 кутии цигари „Честерфилд“ со акцизни маркички од Македонија.

Цигарите, чија вредност се проценува на речиси половина милион динари, со судска одлука се трајно одземени, додека за сторен прекршок на патничката и е изречена парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…