Жена се породила во авион на летот од Јордан до Лондон
Жена се породила во авион на летот од Јордан до Лондон и родила здраво девојче. За породувањето ѝ помогнал лекар кој бил во авионот, јави Би-Би-Си.
Доктор Хасан Кан, кој се враќал дома од одмор тој лет, рекол дека во саботата наутро, на летот од Аман, Јордан до аеродромот Лутон во Лондон, екипажот повикал лекар и дека жената лежела на подот пред пилотската кабина.
Кан (28), кој работи во болница во Есекс, Англија, рече дека авионот на Визер потоа бил пренасочен на аеродромот во Бриндизи во јужна Италија за да може 38-годишната жена и нејзиното бебе да бидат однесени во болница, пренесува Танјуг.
Докторот рече дека семејството го известило од болница дека и мама и бебето се добро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва му се заканува на Лондон по…
Москва го предупреди британскиот владин врв за…
Иран го нападна Јордан
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави…
Муцунски денес во работна посета на Лондон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Ја заобиколува Полска поради затегнатите односи: Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го…
Авион полн со патници нагло се спуштил…
Пет лица се повредени откако патнички авион…