Објавено на:

Женскиот кошаркарски клуб БАДЕЛ 1862 е шампион на Македонија, честитки од Градоначалникот на Кисела Вода

t

Кисела Вода слави, женскиот кошаркарски клуб БАДЕЛ 1862 е шампион на Македонија. По тој повод, на својата Фејсбук страна се обрати и им честиташе Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

,,Честитки од срце до најтрофејниот женски кошаркарски клуб во Македонија, кој овојпат титулата ја завери на гостински терен во Македонска Каменица, победувајќи со 77:71.

Нивниот макотрпен тренинг и дисциплина, како и желбата за триумф е она што овој клуб го издвојува од сите и нѐ прави горди.

Честитки и до репрезентативката Александра Стојановска која постигна 27 поени, а воедно се закити и со титулата МВП – најкорисен играч на првенството.
Има на што да бидеме горди како општина, но и како држава. Им посакувам да нижат уште успеси и да се борат за она што сонуваат. Поддршката ќе ја имаат секогаш”! вели Градоначалникот на Општина Кисела Вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ