Објавено на:

Жерновски: Мицкоски лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор

t

Нас ни е многу битно денеска да зборуваме за ова што го гледате позади мене денеска. Тоа е една кампања нова во смисол како нов бран, како дел од лагите на на ВМРО-ДПМНЕ. Новата кампања е всушност повторно лага за граѓаните дека ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ никогаш до не досега не рекле дека ќе го поништат Преспанскиот договор, дека ќе го вратат името и никогаш не рекле дека скандирале никогаш Северна, рече Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ на прес-конференција.

Тој рече „да видиме дали е тоа така. Имате овде изјавата најнова на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ којшто го тврди обратното од вистината тоа дека никогаш ниту Мицковски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дало такво ветување. Ајде да го потсетиме Мицкоски што кажал. Можеби Мицкоски навистина заборавил што кажал додека бил во опозиција. Се случува тоа со оние коишто се нестабилни политичари коишто кога ќе дојдат на власт имаат комплетна амнезија за тоа што се случува. Се додека сум во ВМРО-ДПМНЕ, Преспанскиот договор нема да биде завршена работа. Кој го кажа тоа? Мицкоски. Ние од СДСМ или ти? Кој го кажа следното? Ќе го менуваме Преспанскиот договор тоа додека беше во опозиција. Кој го кажа ова?“.

„Мицкоски. Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам северна. Ако кажам северна, нека ми го одземат мандатот. А токму кога го доби мандатот, кога даваше заклетва, го кажа северна толку силно да уште одзвонува во салата на собранието. Да не зборувам за тоа како одзвонува претседателката на говорот на претседателката на државата во салата во Обединетите нации кога Северна го употреби повеќе отколку сите претходната влада. Мицкоски кој го кажа ова? Ме боли и ме пече во името на сето тоа, а за името на државата не сакам да градам кариера. Па целата кариера ти ја изјади шуснус врз основа на лагата дека кога ќе дојдеш на власт ќе го поништиш преспанскиот договор, ќе го вратиш името и та ната. Значи лагата е како шило. Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт ветувајќи го ова за кое што денеска зборуваме, лажеќи граѓаните дека ќе го направи спротивно тоа денеска што го прави“ порача Жерновски.

Вели „треба ли уште докази да вадиме од неговите изјави и настапи или настапи на неговите пратеници, министри за да конечно им стане јасно дека оваа лага е прозиерна и дека веќе е смешна и траекомична. Неколку пати кажував во име на СДСМ, ќе повторам и денеска“.

„Што прави Мицкоски кога ќе го фатите во лага? Одговара со нова лага. таква нова лага и неговиот закон за двојно државјанство со којшто ако се сеќавате предложи пратениците но не од овој состав идниот состав да имаат само едно државјанство да не можат да имаат вече државјанства и тогаш кога СДСМ со свој закон предложи поинакво уредување почесно поодговорно а тоа е ниту член на владата ниту било кој што ќе биде избран и именуван да нема двојно државнство туку да има само македонско Мицковски одеднаш се повлече и оттогаш го нема. Ако се сеќавате вети, рече дека ќе разговара, цитирам, со разни експерти да го консултираат уставот, да го проверат уставот. Па еве сега да го прашаме директно во камера Мицкоски, неговата партија исто“ рече Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…