ЖЕСТОКА ОСУДА ЗА ИЗЛИВИТЕ НА ВЕЛИКОАЛБАНСКИ ШОВИНИЗАМ: Демократски сојуз бара Обвинителството итно да реагира!
Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните, како што вели, изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар – музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир.
„Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети, и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.
Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го испровоцира мнозинскиот македонски народ“ – се вели во соопштението на ДС.
Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…
(Видео) Маж се обиде да го погоди…
Непријатен инцидент се случил за време на…
Трамп за инцидентот кај американската база во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина…
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…