Живееше сам без контакт со каква било друга цивилизација: Почина последниот припадник на бразилско племе во Амазон

t

Почина последниот припадник на бразилското староседелско племе во домородната област Танару, во сојузната држава Рондонија, кое немало контакт со друга цивилизација.

Како што соопштија од бразилската Национална агенција за заштита на домородното население – ФУНАИ, на 23 август, службеници на ФУНАИ го пронашле телото на мажот во лежалка во кабина. Немало знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе.

Тој починал од природна смрт, а неговото тело ќе биде дадено на вештачење – соопшти Агенцијата.

Познат како „Човекот од дупката“, тој последниве 26 години одбивал контакт со други луѓе и живеел во целосна изолација во Танару, длабоко во бразилска Амазонија. Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и за да лови животни.

Се претпоставува дека остатокот од неговото племе можеби бил истребен во поголем број судири со сточари и дрвосечачи во 1980-тите и 90-тите, врз основа на сличен случај со друго изолирано племе во истата област.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…