Живеме ли во иста држава со премиерот: Мицкоски тврди дека сега мајките биле спокојни, заборави ли премиерот на трагедијата во Кочани?
На одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај, во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „времето кога криминалци слободно се движеле, а институциите биле користени за лични и политички интереси, е завршено“.
„Се сеќаваме – и не смееме да заборавиме – како изгледаше нашето секојдневие пред неколку години. Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ. Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките ‘ќе средиме’ и ‘ќе се јавам’ беа погласни од законот. Но, тоа време е завршено.Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека силата на државата се мери со тоа дали правдата стигнува до сите, вклучително и до најмоќните и најмаргинализираните.
„Вашата мисија е света – да го чувате поредокот, но и да ја вратите довербата кај народот“, им се обрати премиерот на полициските службеници.
Обраќајќи се до граѓаните, Мицкоски кажа дека безбедноста не е само статистичка бројка, туку чувство кое го овозможуваат токму полицајците – чувство кога родителите без страв ги пуштаат децата на училиште, кога мајките спокојно се враќаат дома во доцните часови и кога секој граѓанин знае дека државата стои зад него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
