Живинарските фарми пред колапс: Растат трошоците, а цената на јајцето стои во место

t

Со промената на цените на храната за кокошките и поскапувањето на струјата и горивата, живинарските фарми во Кичевско едвај преживуваат, а слична или иста е состојбата и со останатите живинарски фарми во земјава.

Сопствениците се жалат дека се што влегува во цената на нивниот производ е драстино зголемено во последните 6-8 месеци, додека јајцето има иста или слична цена како и претходно.

Последните неколку месеци зголемувањето на цените на храната за кокошките, електричната струја и горивата, придонесоа да дојдеме на работ на опстанокот и се прашуваме уште колку време можеме да опстанеме ако во меѓувреме нашиот производ јајцето, не ја подигне продажната цена – вели Енвер Врапчески, сопственик на една од најстарите живинарски фарми во Кичево.

Според него, концетратот пред шест месеци бил 19 денари за килограм, а денес набавната цена изнесува 30 денари.

Исто така, драстичен скок во цената има и кај зрнестата храна. Пченката од 12 денари кон крајот на летото денес чини 20 денари за килограм. Горивата, нафтата и бензинот речиси секоја недела имаат нова повисока цена, што го поскапува и нашиот транспорт, а не може да се занемари и новата цена на индустриската струја, која дополнително ги зголеми трошоците во нашето работење – нагласува Врапчески.

Тој вели и дека јајцето пред шест месеци се продавало за истите пари како денес, што се одразува врз намалувањњето на нивните приходи и ликвидност.

Врапчески најавува дека ако состојбата продолжи да се влошува, а цената на производот остане иста, тогаш ќе бидат приморани да стават катанец на фармаата или да работат без заработка.

Тој смета дека државата треба да ги заштити живинарите со одредени субвенции, за да можат полесно да го пребродат притисокот на се повисоките цени и да ја подобрат ликвидноста.

Слична беше реториката изминатите денови и на други сопственици на фарми. Сите се загрижени од неповолната коњуктура и растот на цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…