Жителите на анектираните украински региони ќе добијат олеснето државјанство или ќе можат да бидат депортирани
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одредба со која се олеснува патот до руско државјанство за оние кои живеат во делови на Украина под контрола на Русија. Но, таа одредба значи и дека оние кои не сакаат да го сменат државјанството или не го легализираат својот статус, може да бидат депортирани.
Ројтерс известува дека според одредбата, оние кои живеат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје (четири региони кои со референдуми се приклучија на Руската Федерација) можат да започнат со процесот на стекнување руско државјанство или легализација на статусот.
Но, во актот стои и дека оние кои нема да го започнат тој процес до 1 јули 2024 година ќе се сметаат за странски државјани, што значи дека Русија би можела да ги депортира од споменатите окупирани територии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија воведе нови санкции за руските…
Велика Британија воведе нови санкции против руски…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…