Жителите на Галате се оградуваат од ситуацијата со црквата Св.Петка

t

По состанокот одржан вечерва во село Галате, локалното население информира дека се оградува од настанатата ситуација со црквата Св. Петка, која се наоѓа во атарот на Галате, во месноста Топли Извори.

Жителите на Галате истакнуваат дека целокупната ситуација треба да се реши преку надлежните институции, согласно важечките закони.

„Населението од Галате се оградува од настанатата ситуација во врска со црквата Св. Петка. Во Галате и општина Врапчиште како месно население нема да дозволиме меѓуетнички тензии и верска омраза затоа што досега ниту имало нешто такво, ниту ќе има во иднина. Сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии“, се вели во известието од населението од Галате.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се собираат донации за црквата „Св. Ѓорѓија“…

На социјалните мрежи се појави апел за…

Пожар во католичка црква во Нови Сад…

Пожар избувна утрово на страничниот влез во…

(Видео) Пожарот зафати гробишта и дел од…

Пожарот зафати дел од црква и гробишта…

Жителите на Галате се оградуваат од ситуацијата…

По состанокот одржан вечерва во село Галате,…

Ново соопштение од МВР за апсењето во…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…