Жителите на Карпош го поздравуваат овој потег: Ќе има место во градинките за сите дечиња од општината! (Видео)

t

Градоначалникот на скопската населба Карпош, Стевчо Јакимовски ја потврди одлуката дека од 10 јуни годинава од градинките во општина Карпош ќе треба да се отпишат сите деца што не живеат на територијата на оваа општина.

Јакимовски рече дека одлуката е донесена токму поради децата што живеат во Карпош, а за кои нема места во градинките на истата општина. Оваа одлука наиде на позитивни коментари од граѓаните на општината Карпош.

Почитувани граѓани,

Во ситуација кога над 300 дечиња од Карпош чекаат ред за упис во градинките во Општина Карпош, потребно е да преземеме чекори во насока на згрижување на дечињата на нашите граѓани. Тоа е наша обврска и одговорност.

Поради тоа се одлучивме за почеток да ги известиме граѓаните на другите општини кои децата ги носат во градинките во Општина Карпош дека заклучно со 10ти јуни децата треба да продолжат да одат во градинки во своите општини.

Работиме на консолидирање состојбата во општината годинава и од следната година планираме нови инвестиции во делот на згрижување на нашите најмали жители во општината.

  • Видеото  можете да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…

Ограбена аптека во Карпош

На 20.03.2024 околу 21.05 часот во СВР…

Советот на Општина Карпош ја усвои завршната…

Во рамки на 45. седница, членовите на…

Левица ги исклучи од членство Бранко Ристов…

Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира…

(Видео) Советничка од Карпош не знае да…

Советот на општина Карпош изобилува со бисери.…