Жител на Косово фатен на граница, сакал да замине од Македонија со фалсификувани документи

t

На 30.08.2022 околу 00.30 часот во Полициската станица Тетово бил донесен 33-годишниот Џ.В. од Република Косово.

-Околу 22.30 часот тој бил лишен од слобода на Граничниот премин Јажинце при обид да ја напушти нашата земја со патничко возило „бмв“ со француски регистарски ознаки. При извршена контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за возилото, а исто така таблиците кои биле на возилото биле фалсификувани, информира МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…