Жител на селото Требош му се заканувал на тетовскиот градоначалник Касами
Жител на селото Требош му се заканувал на тетовскиот градоначалник Билал Касами.
Случајот е пријавен во полиција и се работи на расчистување.
„Градоначалникот на Општина Тетово Б.К.(49) од Тетово пријавил дека претходниот ден околу 23.40 часот на неговиот мобилен телефон добил порака со заканувачка содржина. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од полицијата.
Четириесет и тригодишен жител на Требош со иницијали Ј.В. е повикан во СВР Тетово осомничен дека му се заканил со порака на телефон на градоначалникот.
За Ј.В. постои основано сомневање дека извршил кривично дело „загрозување на сигурност“. Осомничен е дека се заканувал завчера, а Касами го пријавил вчера околу 10.30 часот во СВР Тетово. Еден час подоцна, го повикале човекот во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев влезе во Гинис…
Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев…
Рекорден број Руси заминуваат во Грузија, Ерменија…
Сè повеќе Руси ја напуштаат земјата, а…
Демонстрантите во Тирана се обидоа да ги…
За време на вчерашниот протест во Тирана,…
(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…
Голем пожар избувна во индустриската зона на…
Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…