Жител на шарпланинско село во Косово е уапсен за шпионажа, му нашле 40.000 евра
Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето на лице осомничено за шпионажа, кое било лишено од слобода на граничниот премин Мердаре. Станува збор за Ф. С., кој по одлука на Специјалното обвинителство е задржан во полициски притвор 48 часа, јавија косовските медиуми.
По апсењето, истражители од Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тешки кривични дела, со судски налог, извршиле претрес во домот на осомничениот во селото Драгаш, на падините на Шар Планина над Призрен.
При претресот биле пронајдени и запленети 39.500 евра во кеш, 500 динари, четири мобилни телефони, како и различни документи кои, според полицијата, се релевантни за истрагата.
Од Специјалното обвинителство најавуваат дека во законски предвидениот рок ќе поднесат барање до Основниот суд во Приштина за определување мерка притвор за осомничениот.
Полицијата на Косово, Специјалното обвинителство и другите безбедносни институции продолжуваат со преземање на мерки и собирање докази во рамки на истрагата за случајот.
Осомничениот се товари за кривично дело „шпионажа“, а понатамошниот тек на постапката ќе зависи од собраните докази и одлуките на надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР: Полицаец осуден за пукањето…
Косовскиот полицаец Кораб Пепај е осуден на…
АХВ најави вонредна контрола во млекара по…
Агенцијата за храна и ветеринарство најави вонреден…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…