Жичницата на Водно ќе работи: По четворица во кабина и задолжително со маски

t

Жичницата на Средно Водно ќе се пушти во употреба во текот на наредната недела.

Од ЈСП – Скопје информираат дека се завршени сите неопходни процедури за пуштање на објектот во функција од технички и безбедносен аспект, а одобрен е и Протоколот за работа на Жичницата во услови на ковид-19, според кој е предвидено во една кабина да можат да се превезуваат максимум четири лица, односно искористеност на 50 проценти од вкупниот капацитет на кабината, а патниците треба да носат заштитна маска. Воедно, три пати во текот на денот ќе се врши дезинфекција на подот и внатрешноста на кабините.

Жичницата прекина со работа на 15.03.2020 година, како една од мерките за заштита од ковид-19. Оттогаш, практично е ставена во мирување, односно не работи со патници.

– „За време на целиот период со времената мерка за забрана за работа со патници, Жичницата е под постојан надзор на вработените, вршени се дневни, неделни, месечни, тримесечни, полугодишни и годишни проверки“ – појаснуваат од ЈСП.

Во изминатиов период е направен и редовен годишен преглед на Жичницата од овластена институција, при што е добиен позитивен технички извештај, како и сертификат за работа.

– „Во неколку наврати, на Жичницата е направен мониторинг од страна на државен инспектор за жичници кој не констатирал никакви недоследности, а по извршен редовен технички преглед, добиен е технички извештај и сертификат за работа. Направен е и мониторинг од страна на државен инспектор од Министерството за транспорт и врски, како редовна постапка, при што не се најдени никакви недоследности.“ – Потенцираат од ЈСП.

Во текот на изминатата недела извршен е и редовен преглед од страна на Државниот технички инспекторат при Министерство за економија и од Министерство за транспорт и врски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека…

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил…