Објавено на:

Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот

t

Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје.

Во рамки на нивниот престој од 1 до 15 јули ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот музеј, а дел од нив ќе ги подарат на МСУ. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Нивниот колаборативен процес на работа како „Отворено студио“ ќе се одвива во еден од галериските простори на МСУ-Скопје секој ден од 14 часот до после полноќ.

Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини од вторник до сабота од 10 до 17 часот и во недела од 10 до 13 часот. Оние посетители, кои ќе дојдат во музејот во периодот меѓу 14 и 17 часот ќе имаат можност да посведочат на процесот на работа на Жмијевски и Алтхамер.

Уметничкиот тандем е меѓу најважните претставници на таканаречената критичка уметност – карактеристична струја на полската уметност, која се заснова на критичка обработка на актуелните теми од јавниот живот.

Во текот на овие две недели колку што ќе креираат, уметниците ќе создадат 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони итн… Посетителите се добредојдени да донесат дел од овие материјали, и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

На 14 јули ќе биде отворена нивната изложба со наслов „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.

Уште поголем куриозитет е што дел од создадените дела, овие светски познати автори ќе ги подарат на Музејот на современата уметност – Скопје и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција на музејот.

Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк, ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс, првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела, располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела.

Минатата година Жмијевски за првпат имаше голема самостојна изложба во МСУ – Скопје. Ова претставување следуваше по неговото учество во рамки на меѓународната групна изложба „Сè што ни е заедничко“ во 2019 година во музејот. Уште еден ексклузивитет е што ова ќе биде првото претставување на Павел Алтхамер во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…