Жозеп Борел во дводневна посета на Македонија

t

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Македонија.

Борел, според агендата, денеска ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи.

По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција.

За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Македонија.

Борел во земјава доаѓа од Албанија, каде имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија.

Овие посети, како што е најавено, се можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…

Песков откри каде и кога ќе се…

Рускиот претседател Владимир Путин, неговиот кинески колега…

Мосад ја извести ЦИА за наводни планови…

Израелската разузнавачка служба „Мосад“ ја извести американската…

Снегот ги затрупа патиштата во Хрватска, а…

Во Хрватска, особено во планинските предели на…

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец

Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…