Жолт картон од студентите за МОН: „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“
„Дали е ова 1939?. Без образование нема држава!“, „Тука сме за домот навистина да ти биде како дома“, „Тука сме за да не ти биде џабе учењето“, „Ајде да ги земениме нашите оброци со вашите“, се дел од пораките транспарентите од студентскиот марш што се одржа вечерва во Скопје.
Маршот почна пред зградата на Владата, од каде студентите се упатија пред зградата на Министерството за образование, каде беа упатени пораки да им се овозможат услови и стандард како што заслужуваат, а за што, како што беше речено, нема компромис. Дел од студентите пред зградата на МОН оставија ливчиња „жолти картони“ со пораки и примероци од студентски оброк.
-Колку квалификувани и образовани кадри треба да си заминат за да се освестите? Борбата која ја водите со нас знаете ли каков исход има? Студентското будење е предвесник на многу општествени промени. Се надевам дека во иднина ќе имеме подемократски законодавен дом, рече Милица Давчева од движењето „Студентски отпор“, во говорот на собирот пред МОН.
Организатори на маршот што се одржа по повод Меѓународниот ден на студентите се универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“. Тие се обединија, како што велат, за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк, изедначување на стипендиите, дигитализација и подигнување на квалитетот на образование.
Фото: РСЕ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…