ЖРК Ѓорче Петров прв финалист во женскиот ракометен Куп

t

Во првото полуфинале на женскиот ракометен Куп на Македонија, ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров не дозволија изненадување и лесно го совладаа вечерва младиот состав на битолски Пелистер со 37-15.

Бранителот на трофејот од самиот почеток доминираше на паркетот во салата „Парк“ во Струмица и веќе на полувремето имаше недостижна предност од 14 голови.

Ѓорѓиевска со девет голови беше најефикасна во редовите на ЖРК Ѓорче Петров и воедно на натпреварот, додека Бундоска постигна пет голови во редовите на Пелистер.

Противник на ЖРК Ѓорче Петров во утрешното финале ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Спартак и Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…

(Видео) СДСМ со 180 во своите ставови?…

Поранешниот градоначалник на Карпош и партиски секретар…

Андреј Петров и Игор Ивановски-Шема се враќаат…

Високи функционери на СДСМ од времето кога…