Објавено на:

Жртвите на силување во Конго од страна на вработени во СЗО добија парична оштета

t

Светската здравствена организација (СЗО) платила по 250 долари на најмалку 104 жени од Конго кои наводно биле сексуално злоупотребувани од нејзините вработени за време на смртоносната епидемија на ебола во африканската држава, објави во вторникот Асошиетед прес (АП).

Плаќањата, во вкупна вредност од 26.000 американски долари, беа направени на почетокот на оваа година кога Гаја Гамјуџ, докторката задолжена за работата на СЗО за спречување на сексуално вознемирување и злоупотреба, ја посети Демократска Република Конго (ДРК) за да се справи со најголемиот познат секс скандал во историјата на агенцијата, додава медиумот, повикувајќи се на внатрешни документи.

Наводно, од примателите се барало да завршат курсеви за обука дизајнирани да им помогнат да започнат бизниси кои „генерираат приход“ за да ги добијат парите. Се вели дека една од злоставуваните жени родила бебе со попреченост за кое е потребна посебна медицинска нега.

Истрагата нарачана од СЗО во септември 2021 година објави дека 21 од нејзините вработени биле меѓу 83-те хуманитарни работници кои сексуално ги нападнале локалните жени и девојчиња додека биле на мисија на ОН за ебола 2018-2020 година во ДР Конго.

Според извештајот од 35 страници, злоупотребите, кои вклучуваат девет наводи за силување, биле извршени и од локални и од меѓународни работници. Додека десетици жени тврдеа дека им била понудена работа во замена за секс, други рекоа дека биле заробени во болници и принудени на секс во алкохолизирана состојба, оставајќи две од нив бремени.

Комисијата соопшти дека открила јасни структурни проблеми и неможност да се справат со ризиците од сексуална експлоатација и инциденти на злоупотреба во централноафриканската земја. Пред тоа, АП објави дека повисокото раководство на СЗО било информирано за сексуалното недолично однесување во 2019 година како што се случило, но не направила скоро ништо за да го спречи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО предупредува: Овој вирус е страшен

Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…

Кавадарчанка пријавила дека дечко ѝ ја силувал…

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со…

„Не веруваме дека ќе ги најдеме живи“…

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест…

Кривична против шестмина тетовчани, силувале малолетничка

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 18-годишниот…

13-годишно девојче киднапирано и силувано од двајца…

Двајца мажи се уапсени под сомнение дека…