Забава за сите: Секоја вечер ќе има музика на плоштадот „Македонија“

t

Вчеравечер започна предновогодишната забавна програма на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје.

Скопјани синоќа имаа можност да се забавуваат заедно со Дајте музика, Игор Џамбазов со Гуру Харе Бенд и бендот Брастет Скопје.

Како што најавија надлежните, забавата ќе трае две недели.

-Од 25. декември се до 7. јануари скопјани, но и сите граѓани на Македонија ќе можат да ја доживеат Новогодишната магија на скопскиот плоштад со Македонски артисти и уметници. Заедно да ја дочекаме Новата 2024 година! – порачаа надлежните од Град Скопје.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…

Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…

Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…

Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…