Забегана работа: Претепано 12-годишно дете и оставено на улица, со тешки повреди донесено на Детската клиника

t

Ужасна слика затекнале велешани во саботата околу 13 часот, кога зад Ликовниот салон, близу Ловното на улица „Алексо Демниевски Бауман” во Велес забележале дете кое со тешки повреди и премрзнато било оставено да лежи на земја. Настанот бил пријавен во СВР Велес, а детето со тешки телесни повреди било пренесено во Општата болница Велес.

Како што дознава „Фокус”, станува збор за момче на возраст од 12 години, со тешки повреди, отворена рана на брада и скршеница на долна вилица.

Поради специфичните повреди било префрлено на Детската клиника во Скопје. Околу тоа што се случило со детето, кој и зошто му нанел тешки повреди, а потоа го оставил да смрзнува среде улица, и колку време било момчето ставено таму да лежи, се уште нема информации.

Од СВР Велес за „Фокус” го потврдија настанот, и велат дека се работи на негово расчистување.

Појаснуваат дека детето се уште е на клиника во Скопје, но поради повредата не е во состојба да зборува. На социјалните мрежи посветени на градот, велешани коментираат дека и во минатото имало случки кога повозрасни тинејџери без причина нападнале дете на улица.

Една мајка раскажува за случај кога нејзиното дете освен што било без причина тепано од две непознати момчиња, девојка која била со нив го снимала со мобилниот. Појаснува дека иако случајот го пријавиле во полиција, се уште не се откриени напаѓачите и се надевале како еден ден ќе биде некаде објавено видеото од нападот, со цел да им се влезе во траг на напаѓачите, пренесе порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…