Забележана појава на фишинг напади: МВР со апел до граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“

t

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка. СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач “MVR-SC”. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат “https://safecountry.mvr.gov.mk…” – објаснуваат од МВР.

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…

Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…

Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…

Малолетничките кои малтретираа и снимаа упатени во…

На четирите малолетнички против кои се водеше…