Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти во Кичево
Општина Кичево ги извести граѓаните дека е воведена привремена забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти, по добиено решение од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Одлуката е донесена врз основа на лабораториски физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероци од вода, извршени од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, согласно Законот за безбедност на храната.
До ново известување не смее да се користи вода за пиење од следните водоснабдителни објекти:
селскиот водовод во Гарани (чешма кај џамијата),
патната чешма во Другово (кај разделната градба),
јавната чешма „Бела Кула“ во Кичево,
селскиот водовод во Стрелци (кај училиштето „Милто Гура“),
селскиот водовод во Шутово (пункт „Милто Гура“),
селскиот водовод во Премка (во центарот на селото).
Од Општината апелираат граѓаните строго да ја почитуваат забраната, која стапува во сила веднаш и ќе важи сè до добивање на ново известување, со цел заштита на јавното здравје.
Воедно, надлежните информираат дека водата за пиење од изворот Студенчица, односно од градскиот водовод кој се снабдува од овој извор, е целосно исправна и безбедна за употреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…
ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…
Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…
Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…
Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…