Завршена реконструкција на 12.000 м2 пешачки патеки во вториот дел од Градскиот парк
Екипите на ЈП Улици и патишта, по интензивната работа во текот на изминатите месеци, ја завршија целосно реконструкцијата на пешачките патеки во западниот дел од Градскиот парк.
Реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градскиот парк по налог на Град Скопје, се реализираше во неколку фази и се одвиваше на вкупна површина од 12. 000 квадратни метри.
Сите оштетени патеки во западниот дел и во средишниот дел кај малите езерца целосно се обновени со нова асфалтна маса и тој дел од паркот е функционален за рекреација и прошетки на граѓаните.
Содржините во вториот дел на Градскиот парк овој месец ги збогатија и екипите од ЈП Паркови и зеленило коишто поставија нова парковска опрема кај езерцата со нов видиковец изработен од дрвени елементи.
Изминативе недели екипите ја обновија и оштетената урбана опрема во Градскиот парк, односно ги санираа оштетените клупи и садови за отпадоци, а ги обновија и ги пуштија во употреба по три години чешмите и фонтаните.
Градот Скопје и градските јавни претпријатија континуирано работат на одржување и збогатување на содржините на Градскиот парк истиот да биде пријатно место за рекреација и прошетка на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…