Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина Брвеница – до 18:30 часот гласале 7.241 граѓани
Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се гласачките места, а се очекуваат и првичните резултати од изборниот ден. Инаку, до 18:30 часот гласале 7.241 граѓани или 44,57 проценти од вкупниот број на гласачи.
Жителите од десет населени места во Општина Брвеница денеска гласаа за градоначалник на предвремените локални избори откако на 23 јуни 2026 година на 58-годишна возраст ненадејно почина градоначалникот на општината, Јовица Илиевски.
Избирачките места беа отворени во 7 часот наутро. Во Избирачкиот список за изборите во Брвеница се запишани 16.256 избирачи од кои 449 се на привремена работа во странство, а во затвор или во притвор се девет избирачи.
На изборите за градоначалник на Брвеница се гласа за шестмина кандидати на четири политички блока и двајца независни кандидати. Стојанчо Радически е кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радески од Коалицијата предводена од СДСМ, независниот кандидат Душан Богдановски, Јакуп Усеини од Коалиција ВРЕДИ, независната кандидатка Арифе Идризи и Аркин Јахији од Национална алијанса за интеграција (НАИ).
Функцијата на вршител на должноста градоначалник во изминатите месеци ја извршуваше Роберт Милошески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…