Заврши средбата на Вучиќ со европските претставници во Брисел
Денеска нешто по 15 часот заврши средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со европските претставници во Брисел.
Претходно, европските претставници разговараа со приштинскиот премиер Албин Курти, кој веднаш по средбата си замина без да даде изјави за новинарите, јавува новинарката на Танјуг.
Вучиќ се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, како и со канцеларот на Германија, Олаф Шолц, Претседателот на Франција, Емануел Макрон и премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…