Заврши уште еден состанок на Мешовитата историска комисија, се разговарало за Охридската архиепископија
Без напредок на темата Охридска архиепископија во учебниците за седмо одделение во Македонија, за која повеќе од две години расправа Мешовитата мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, помина состанокот на комисијата што се одржа завчера и вчера во Скопје.
-На првиот состанок во 2025 година вниманието беше насочено кон техничката документација, а биле договорени и потпишани записниците од двете средби одржани во 2023 година, изјавиле за „БТА“ од бугарскиот состав на Историската комисија.
Како што наведуваат, бугарската страна предложила за дискусија неколку историски личности со јубилеи во 2025 година, но на инсистирање на претставниците на македонскиот состав на Комисијата, темата била одложена за следниот состанок кој ќе се одржи во април во Софија.
Вчера македонскиот тим преку штуро соопштение ги информира граѓаните дека тема на 34. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања биле предлог-препораките за македонските учебници за седмо одделение, како и евентуални заеднички чествувања.
Во септември минатата година, со одлука на Владата во Скопје, беше сменет составот на комисијата од Македонија.
Комисијата за историски и просветни прашања е формирана како резултат на потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство на 1 август 2017 година.
Досега, во 2019 година, Мешовитата историска комисија усвои препораки за заедничко чествување на петте историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самуил и препораки за измени во учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петто одделение во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Петков и Јотова ќе се судат за…
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…