Објавено на:

Завршни зборови на Боки 13 утре за случајот “Меѓународен сојуз”

t

Првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски утре во Основниот Кривичен суд Скопје ќе ги даде завршни зборови, бидејќи на претходното рочиште по барање на адвокатите беше одложено, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа.

Во меѓувреме Обвинителството бара обвинетите во „Меѓународен сојуз“ да се огласат за виновни затоа што во постапката се докажало дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците

Хуманоста на невладината „Меѓународен сојуз” остана само на хартија, а во реалност се случи измама, со овие зборови обвинителот Трајче Пеливанов ги почна завршните зборови во случајот „Меѓународен сојуз”, каде првообвинет е Бојан Јовановски Боки 13.

Според обвинителот Пеливанов, во тек на ова постапка било докажано дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кој се обвинети, односно дека материјалните докази биле поткрепени со изјави на сведоците.

Обвинетите сериозно работеле да оставаат силен впечаток во јавноста. Неспорно е дека оваа дело обвинетиот Бојан Јовановски, не можел да го реализира сам, туку со влијание на останатите обвинети. Неспорна е и улогата на обвинетата Ременски, таа знаела дека извршната власт не стоела зад договорите. Оштетените кажаа дека доколку не била обвинетата Ременски, немале да ги склучат договорите, рече Пеливанов, наведувајќи дека што се однесуваа на обвинетата Јасна Мандиќ, таа ги контактирала странките и знаела се што се случува во невладината „Меѓународен сојуз”.

Според Пеливанов, обвинетата Јасна Мандиќ свесно и по сопствена волја му помогнала на обвинетиот Бојан Јовановски во извршувањето на кривичното дело „измама”.

Застапникот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од Судот да ги прогласи обвинетите за виновни, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело.

Воедно, полномошниците на оштетените Силјан Мицевски и Адријан Амзовски најавија отштетно побарување.

Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки 13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”‘. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.

Судењето за „Меѓународен сојуз” почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.

Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет”, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари”, заедно со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања”.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Бојан Јовановски – Боки 13, Судењето за „Меѓународен сојуз” почна на 1 јули, но беше одложено поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Рускоска за понатамошно постапување во овој случај.

Кон барањето за иземање на обвинителката Рускоска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Советот за оценка на 12 мај годинава во целост го прифати обвинителениот акт против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „измама” и „перење пари и други приноси од казниво дело”.

Според обвинителството, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз” на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет”, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари”, заедно со поранешната СЈО Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања”.

Во случајот „Меѓународен сојуз“, освен Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска, за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ и САД исплашени: Заедничкиот настап на…

Неодамнешната заедничка изјава, усвоена од Русија и…

Нова дисциплинска од судот во Стразбург за…

Европскиот суд за човекови права во вторникот…