Објавено на:

Завршува најголемата вежба на НАТО во која учествуваат 90 илјади војници

t

Серијата воени маневри под името „Steadfast Defender 2024“ беа започнати од НАТО како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа како резултат на целосната инвазија на Русија врз Украина пред повеќе од две години. Според штабот на НАТО, во вежбите, кои почнаа пред околу четири месеци, учествувале повеќе од 90.000 војници од сите 32 земји-членки на алијансата, како и 50 воени бродови, 1.100 борбени возила и повеќе од 80 борбени авиони.

Вежбата особено се фокусираше на предупредувањето и распоредувањето на националните и мултинационалните копнени сили на источното крило на НАТО, од Арктичкиот круг до Карпатите во Романија.

ДПА јави дека сценариото за големите воени маневри е руски напад на сојузничка територија, што спаѓа во опсегот на членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој вели дека нападот врз еден сојузник на НАТО се смета за напад врз сите сојузници. Членот 5 беше применет само еднаш – по терористичките напади на „Ал Каеда“ против САД на 11 септември 2001 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски на состанок организиран од Мерц: Потврдена…

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за…

Комерцијална банка влегува во трката за Алта…

Комерцијална банка АД Скопје одлучи да учествува…

Путин првпат се огласи по нападите врз…

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат јавно…

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка…

Поранешниот британски министер за надворешни работи и…

Обвинителот проверува дали има можност за проширување…

Основото јавно обвинителство во Охрид презема дејствија…