Бомбашки напад утрово – загинаа „шкаљарците“ Петар и Драган
Две лица загинаа, а тројца се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана експлозивна направа, соопшти Управата на полицијата.
Според неофицијалните информации на „Вијести“ убиени се членовите на криминалниот шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ.
Еден од нив починал на лице место. Според извор од врвот на Полициската управа, вториот потоа им подлегнал на повредите.
„Полициски службеници веднаш по сознанието за настанот излегле на местото на настанот, кое било обезбедено. Заради утврдување на сите околности и факти, како и расветлување на овој настан, службеници на Полициската управа во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица преземаат интензивни извидувачки мерки и дејствија за кои јавноста навремено ќе биде информирана за текот и исходот“, соопштија официјално од полицијата.
Полицијата со месеци стравуваше дека вакво нешто може да се случи во Цетиње, бидејќи во последните шест месеци беа ослободени голем број членови на криминални кланови.
Повеќето од нив беа пуштени од притвор бидејќи судот не донесе ниту првостепена пресуда три години по нивното притворање. Најголем број лица, кои полицијата ги води како припадници на ОКГ, се лоцирани во Цетиње.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија…
Државата со нов план за побезбеден сообраќај:…
Состојбата на македонските патишта е сериозен проблем…
Русија подготвува огромен потег по изборите, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Киев…
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…