Загина возач: Со товарно возило излетал од пат и удрил во ограда, и друго возило излетале со обид да го избегне
На 23.05.2025 во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно возило „рено мастер“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(42) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во заштитна ограда.
-После тоа, М.В.(44) од с.Трубарево, скопско, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило „рено“, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило „рено мастер“ и е пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот на 24.05.2025 починал, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судската медицина на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…
Денеска е Митровден – празник посветен на…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија и…
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со…