Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан
Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна сопатничка на мотоцикл.
Вчера во СВР Струмица е пријавено дека околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атар на с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица и мотоцикл без регистерски ознаки, управуван од А.Д.(19) од с.Иловица.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала 19-годишната К.Ј., сопатничка на мотоциклот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Д., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, при што кај возачот на возилото „сеат“ било извршено алкотестирање и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта и тој е лишен од слобода.
Исто така, било констатирано дека возачот на мотоциклот, А.Д го управувал нерегистриран и пред да се стекне со право да управува со моторно возило.
За време на вршење на увидот, сообраќајот на магистралниот пат Струмица-ГП Ново Село, кај с.Турново, беше во прекин во двата правци во периодот од 00:00 до 02:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…