Загреб: Реката Сава се излеа од коритото
Обилните врнежи во Загреб предизвикаа реката Сава да се излее од коритото, јавува N1. Поради најавеното невреме со грмотевици, вклучен е портокалов аларм за Загреб, Карловац и Сплит, додека црвен аларм е во сила за регионите Госпиќ и Риека поради обилните врнежи од дожд.
Според хидролошките наводи и досегашната прогноза за нови обилни врнежи, нагло покачување на водостоите се очекува и во помалите притоки на горните делови на басенот Драва и Сава, каде што е можно да се воспостават и вонредни мерки за одбрана од поплави.
Исто така, во текот на денешниот ден се прогнозираат обилни врнежи од дожд на подрачјето на северниот дел на Јадранот, Горски котар, Лика, централна и северозападна Хрватска, а доцна попладне и во текот на ноќта во подрачјето на централниот и јужниот дел на Јадранот може да предизвикаат поројни и урбани поплави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…
Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…
Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…