Задутре нови преговори Иран-САД во Пакистан
Наскоро ќе се одржат нови разговори меѓу Иран и САД. Дипломатските напори даваат позитивни резултати, изјави пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Асиф. Втората рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи на 16 април, објави новинарот на „Атлантик“, Араш Азизи.
Разговорите исто така ќе се одржат во Исламабад, Пакистан, како и првите преговори, додаде изданието.
„Ние претпочитаме да го завршиме процесот со склучување на голем и успешен договор, а претседателот Трамп нема намера да го одолговлекува“, изјави американскиот потпретседател Џ.Д. Венс за „Фокс њуз“.
Џ.Д. Венс рече дека за време на првата рунда разговори во Исламабад е постигнат напредок, а продолжувањето на дијалогот зависи од иранската страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…