Објавено на:

Заев во интервју за грчки весник: Преспанскиот договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминатите 20 години

t

„Со секој изминат ден, граѓаните на Македонија и на Грција имаат нови поволности од Преспанскиот договор и нови причини зошто овој договор е најдоброто нешто што се случило на Балканот изминативе 20 години“ изјави експремиерот Зоран Заев за грчкиот весник „Efsyn“.

Тој додаде дека денес двете држави и граѓаните во двете држави градат пријателства и добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018.

„Бизнисите сега соработуваат повеќе, граѓаните на Македонија и Грција комуницираат, се движат повеќе и соработуваат. Скопје и Атина никогаш не биле поблиску“, рече Заев.

Експремиерот додаде дека Преспанскиот договор за Македонија исто така го донесе и членството во НАТО и верува дека нема политичка сила во двете држави што може да ги наруши добри односи кои започнаа по потпишувањето на договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Иран постигнаа договор – цените…

Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…

Се бројат часови до потпишување на првичниот…

САД и Иран се согласија за рамка…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…