Заев за Бутарис за грчката Open TV: Заминувањето на нашиот пријател Јанис Бутарис е крајно тажна и лоша вест
Заев за Бутарис за грчката Open TV:
Заминувањето на нашиот пријател Јанис Бутарис е крајно тажна и лоша вест за сите нас кои веруваме во постојано и неповратно подобрување на односите меѓу народите на Северна Македонија и Грција.
Како градоначалник на Солун, но и како човек и како демократ, Бутарис беше еден од првите што нѐ охрабри мене и Алексис во нашите напори да ги преземеме вистинските чекори, од Давос па сѐ до Преспа.
Како бизнисмен, тој беше вистински визионер кој ја туркаше агендата за регионална соработка и за заеднички регионален пристап за искористување на сите потенцијали што ги нудат европските фондови.
Јанис беше и голем борец за еднаквост и човекови слободи, човек кој треба да служи како инспирација за демократски отпор во овие времиња кога екстремизмот зема замав.
Нека почива во мир, ние демократите ќе го продолжиме неговото дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…
„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…
Студентското движење во Србија успеа да го…