Заев за грчки „Катимерини“ откри дека децата му учат во Солун
Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, поранешниот македонски премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, освен за
односите помеѓу Грција и Македонија по потпишувањето на Договорот од Преспа, придобивките од него, како и ставот на ВМРО-ДПМНЕ за новото име на земјата откри и дека неговите деца учат во Солун и дека тој е често во Грција.
„Денес, многу се радувам кога гледам како семејства меѓусебно комуницираат, се посетуваат, доаѓаат на пазарење, за медицинска нега, на пример, кај стоматолог. Ние доаѓаме на кафе, на храна, на шопинг, особено во Солун.
Како политичар многу често сум во Грција, бидејќи моите деца учат во Солун и запознавам многу луѓе. Сите се толку љубезни, а има и такви што велат:
‘Господине Заев, јас сум против преспанскиот, но вие сте добар човек. Затоа ајде да работиме заедно’“, вели Заев во интервјуто.
Додека беше премиер изјави дека неговата ќерка Александра студира во Софија, Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…
Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…