Заев за „Отворен Балкан“: Напуштање на регионалните соработки може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти

t

Поранешниот премиер Зоран Заев е дециден дека никој не може да ги оспори резултатите од иницијативата „Отворен Балкан“. Заев, кој заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, е еден од основачите на иницијативата, за денешна српска „Политика“ изјавил дека застапувањето на политика на напуштање на регионалните соработки може да поттикне национализам, па дури и нови конфликти на Балканот.

„Тоа се многу значајни компании кои опфаќаат повеќе од 70 проценти од македонското и албанското население во Северна Македонија, што го оправдува постоењето на иницијативата“, нагласил Заев.

Осврнувајќи се на изјавата на министерот за надворешни работим Бујар Османи, кој се залагаше за излез на оваа земја од ОБ, тој рече дека Османи не може да го негира заминувањето на туристи од Македонија и Србија на одмор во Албанија, ниту дека тони македонско и албанско вино добија нови извозни пласмани, ниту пак дека албанските, македонските и српските транспортни камиони сега полесно ги минуваат границите.

„Не може да се негира дека „паднаа“ работните дозволи за граѓаните на земјите-членки, ниту дека деловниот свет во Македонија бара повеќе проекти од Отворен Балкан, не откажувајќи се од таа иницијатива“, посочил Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…