Објавено на:

Заев и Ципрас: Преспанскиот договор е единствениот пат кон демократска интеграција

t

„По изборите во Северна Македонија, новото мнозинство имаше провокативни изјави и го прекши текстот и духот на Преспанскиот договор. ЕУ и меѓународната заедниац мора да стават на знаење дека почитувањето на договорот е едиснтвениот пат до понатамошна демократска интеграција, до члнество во ЕУ и предпристапна помош“ пишуваат поранешните премиери на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за „Еурактив“.

Тие додаваат дека кршењето на договорот ќе придонесе за дополнителна дестабилизација на регионот и ќе ја доведе во прашање европската, но и општо иднината на Северна Македонија. „Доколку овој услов е испочитуван, ЕУ мора да биде подготвена да го напушти пристапот кој го гледаме изминатите шест години и да започне проактивна улога кон проширувањето“ порачуваат Заев и Ципрас.

Тие додаваат дека треба да се покаже на земјите од регионот мора да им биде јасно дека мирното решавање на разликите носи бенефити за граѓаните на Балканот и за владите и дека жртвите се наградуваат. „Како што зајакнува крајната десница, демократите, умерените и прогресивните лидери мора да соработуваат и да ги удвојат нивните напори против национализмот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Иран постигнаа договор – цените…

Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…

Се бројат часови до потпишување на првичниот…

САД и Иран се согласија за рамка…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…