Заев: Преспанскиот договор донесе стабилност, мораме да продолжиме да бидеме бедемот на тој договор

t

Договорот од Преспа ни донесе и надеж, и горчина, и стремеж, и сомнеж. Но, најважно од сѐ, ни донесе стабилност, сигурност, јасна перспектива и сила за подобро утре, сподели денеска поранешниот премиер на РМ, Зоран Заев.

„Пет години потоа, сведочиме искрено македонско-грчко пријателство. Пет години, Северна Македонија и Грција градат заедништво од темел. На тој темел добиваме помош од нашите европски и евроатлантски сојузници, на тој темел сме предводници на силни регионални иницијативи. На тој темел имаме стабилна економија иако веќе четврта година се бориме со пандемиски и енергетски кризи. Темелот ни е цврст, но ветриштата околу се силни.

Затоа, сите демократски сили, леви и десни, мораме да продолжиме да бидеме бедемот на Договорот од Преспа. Ние, демократите од Балканот, следејќи го примерот на Договорот од Преспа, имаме и обврска и капацитет да најдеме решение за сите отворени прашања на Балканот. Нашиот ангажман има јасна цел – Цел Балкан во ЕУ.

Опасните ветришта не стивнуваат, но темелот и бедемот се посилни од нив“, истакна Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД и Иран постигнаа договор – цените…

Шехбаз Шариф, Премиерот на Пакистан, кој дејствуваше…

Се бројат часови до потпишување на првичниот…

САД и Иран се согласија за рамка…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

13 милиони денари ќе чини одржување на…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…

Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…