Заеднична вежба на морнариците на САД, Јужна Кореја и Јапонија: Вежбаат можен одговор на дејствијата на Северна Кореја
Морнариците на Јужна Кореја, САД и на Јапонија денеска спроведоа трилатерални антиподморнички вежби првпат во пет години. Ова се случува во ек на тензиите поради низата севернокорејски ракетни тестирања, јавуваат дел од светските медиуми.
Вежбите беа одржани во меѓународните води близу источниот брег на Корејскиот полуостров. Тие следуваат ден подоцна откако Северна Кореја истрела две балистички ракети во морето близу нејзиниот источен брег, а потпретседателката на САД, Камала Харис ги посети Сеул и цврсто утврдената граница меѓу двете Кореи.
Тестирањето во текот на вчерашниот ден беше трето такво лансирање на Северна Кореја во пет денови. Годинава, земјата истрела досега невиден број проектили, пишуваат медиумите.
„Вежбите се замислени со цел да ја подобрат способноста за одговор на сè поголемите подморнички закани од страна на Северна Кореја, вклучувајќи ги нејзините балистички ракети лансирани од подморница во време кога претставува нуклеарна и ракетна закана поради низата тестови на балистички проектили”, се наведува во соопштението на јужнокорејската морнарица.
Американската и јапонската морнарица известија дека се очекува вежбите да промовираат „слободен и отворен Индо-Пацифик”, во ек на напнатоста поради постапките на Кина во Тајванскиот теснец.
Антиподморничките вежби не беа спроведувани од 2017, затоа што поранешната напредна јужнокорејска влада настојуваше да ги подобри меѓукорејските односи и да ги олесни преговорите за денуклеаризација меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, што се во прекин од 2019 година.
Новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол, кој ја презеде должноста во мај, вети зголемување на трилатералната безбедносна соработка со САД и Јапонија, со цел да се спротивстави на заканите на Северна Кореја што се во пораст.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…