Закана по живот за министерот за внатрешни работи: Пензиониран полицаец телефонски се заканил во „Беко“ дека Спасовски ќе биде убиен
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка, информираат од Обвинителството.
Оттаму информираат дека со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице.
Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…