Закани во Гази Баба: Скопјанец нападнал сограѓанин со пиштол
Скопјанец бил нападнат на подрачје на Гази Баба, извести МВР.
-На 12.03.2023 полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Ч. и Р.Г., постапувајќи по претходна пријава од М.С. (46) од Скопје, кој во 03,40 часот во ПС Гази Баба пријавил дека околу 02,15 часот на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба, а по претходен телефонски повик, се сретнал со С.Ч., кој по кратко време физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило „ауди“ и да се упатат кон продажен објект на подрачје на Гази Баба, во кој биле Р.Г., В.Г. и Х.С..
Притоа, според пријавеното, С.Ч. постојано го прашувал М.С. во какви релации е со неговата сестра и му упатувал закани, појаснуваат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…