Законот за матичната евиденција на дневен ред на утрешната седница на Уставен суд
Законот за матична евиденција ќе биде разгледан утре на седница на Уставниот суд, откако Левица поднесе иницијатива каде оспорува неколку негови одредби.
Соопштението од Уставниот суд ви го пренесуваме во целост:
- Реферат У.бр.92/2023
Оспорени одредби: член 4 став 1 точка 2) во делот „националност”, член 11 став 1 точка 1) во делот „националностa” и член 13 став 1 точка 1 во делот „националноста”, сите од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија” број број 8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 14/2020 и 129/2023).
Содржина на оспорени одредби:
Член 4
Во матичната книга на родените се запишуваат:
2) податоци за родителите на детето, и тоа: име и презиме (за мајката и моминското презиме); ден, месец, година и место на раѓањето; националност; државјанство; матичен број; живеалиште и адреса на станот.
Член 11
Во матичната книга на венчаните се запишуваат:
1) податоци за склучување на бракот, и тоа: име и презиме на брачните другари; ден, месец, година и место на раѓањето; матичниот број; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот на брачните другари; ден, месец, година и место на склучување на бракот и изјави на брачните другари за нивното презиме;
Член 13
Во матичната книга на умрените се запишуваат:
1) податоци за смртта, и тоа: име и презиме на умрениот; неговото презиме пред склучувањето на бракот; полот; час, ден, месец, година и место на смртта; ден, месец, година и место на раѓањето, брачната состојба пред смртта; државјанството, националноста, живеалиштето и адресата на станот.
Подносител на иницијативата: Политичка партија „Левица”
Oд наводите во иницијативата:
Според подносителот, чувството на национална припадност е лично чувство на граѓанинот и не може да се докажува со јавна исправа, т.е. со документ издаден од државен орган, пред се поради фактот што слободата на изразување на националната припадност го вклучува и правото на промена на чувството за национална припадност, а со практичното воведување на графа за националноста во изводот од матичните книги – како јавни регистри, се окончува еднаш изразеното национално чувство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…
По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…
„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…
Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…
Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…
Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…
Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…